Пет совети како да извлечете максимум од вежбањето

А.С.
/ 22.11.2022 / 18:54

Овие едноставни совети ќе ви помогнат да останете мотивирани и да вежбате редовно, независно од околностите.

Кај секого одвреме-навреме се буди и желбата да се врати на патеката за трчање или во теретана. Иако физичката активност не треба да биде условена од временските услови и се препорачува да се одржува навиката на вежбање во текот на целата година, не очајувате, секогаш е добра идеја да преземете чекори во таа насока.

Новиот почеток е голема мотивација, но не се преоптеретувајте. Прочитајте ги овие совети, вежбајте здраво, посветено и со позитивна енергија.

1. Контролирајте го интензитетот

Најголема грешка што ја прават повеќето луѓе е што премногу интензивно вежбаат првиот ден и потоа се преморени, со воспалени мускули, или полошо, со повреди. Држете го интензитетот на ниво на предизвик, не мора да рушите рекорди во првите денови. На скала од 1 до 10, одржувајте го интензитетот на 6 во првиот месец. Со време ќе ги подобрувате издржливоста и времето.

2. Вежбајте преку еден ден

Кога веќе сте напумпани со енергија имате желба да вежбате секој ден и да формирате здрава навика. Меѓутоа подобри резултати ќе постигнете со рутина од вежбање секој втор ден. По вежбањето на телото му треба време да се опорави, па искористете го тој ден за подобрување на навиките на исхрана и планирање на следната рутина за вежбање.

3. Правилно загревање

Доброто загревање е од клучно значење за оптимални резултати од вежбањето, но пред се и за да се осигурате дека сте го подготвиле телото за физичката активност. Изберете го стилот на вежби што ви одговара вам и што е најсоодветен како подготовка за физичката активност што следи: трчање, аеробик, кревање тегови и сл.

4. Опремете се без да банкротирате

Опремата е важна за правилно и безбедно вежбање, меѓутоа не мора да го преоптоварувате вашиот буџет со скапи брендови. Патиките за трчање, на пример, се изветвуваат за три до шест месеци, зависно од интензитетот на тренинзите. Затоа следете ги акциите во вашите локални продавници за спортска опрема и планирајте ги трошоците со време.

5. Поставете си реални цели

Вежбањето и физичката активност треба да се дел од вашиот животен стил, пред се од здравствени причини. Сепак, поставете си реални цели и не заборавајте која ви е главната мотивација: здравствени причини, сакате да намалите тежина, да тонирате мускули, да истрчате полумаратон или маратон, или едноставно да се чувствувате удобно во своето тело. Не се форсирајте и откако ќе ја остварите првата цел, планирајте ја следната.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе