Рецензиите на патниците сугерираат дека многу од европските атракции се наоѓаат на списокот на места кои ги разочарале и често се пренатрупани.

Некои од најфалените туристички атракции во светот на туристите им останале во сеќавање по лошо, покажа едно ново истражување.
Компанијата за чување багаж Radical Storage анализирала е 95.352 рецензии на посетители на 200 најпосетени знаменитости за да открие кои туристички атракции најмногу ги разочарале патниците, пренесува Euronews.
Сите Топ 5 места ги заземаат европски знаменитости, од кои некои често се сметаат за дестинации шо вреди да ги посетите.
Инспирирано од успехот на Дизниленд во Америка, селскиот имот Алтон Тауерс било претворен во тематски парк во 1980-тите. Со 10 тематски области распоредени на 910 хектари, најголем е во Велика Британија.
Меѓутоа, истражувањето покажало дека скоро половина од рецензиите за забавниот парк во Стафордшир содржеле зборови кои укажуваат на негативно искуство. За контекст, просечната стапка на негативни критики во студијата е 10,9 отсто.
Алтон Тауерс имал најголем процент на рецензии кои посебно се жалеле на вредноста што ја плаќаат, вклучувајќи погрешни информации за влезници, и очекувања дека ќе платат скапи додатоци како што се скапа храна и пијалоци или пристап до различни делови од паркот.
Коментарите исто така сугерираат дека често не е паркот она што ги разочарува посетителите, туку услугата.
One of the world’s TALLEST theme park rides opens at Alton Towers today.
— Hits Radio Staffordshire and Cheshire (@HitsStaffs) March 15, 2025
Standing at 78ft… TOXICATOR is the highest topspin ride of its kind.
We’ve been with some of the first people giving the brand new ride a try… pic.twitter.com/8QUcyK3m3L
Бањите и базенот Сечењи во главниот град на Унгарија, Будимпешта, се најголемите лековити бањи во Европа и претставуваат велнес туристичка дестинација од 1913 година.
Меѓутоа, повеќе од една третина од луѓето кои оставиле рецензија за бањите на мрежата пријавиле помалку од задоволително искуство. Бањите се рангирани на третото место во категоријата гужва и пристапност (16,8 отсто од сите прегледи во споредба со просекот од 4,4 отсто).
Norveç’ten Budapeşte’ye geçip en ünlü termallerinden bir tanesine geldim. Akşam atmosferi bu şekildeydi. Hava sıcaklığı 14, su sıcaklığı 30 derece. pic.twitter.com/3woCRhC3WM
— Mücahit Muğlu (@mucahitmuglu) November 8, 2022
Siam Park на шпанскиот остров Тенерифе е најголемиот воден парк во Европа, кој бил отворен од принцезата на Тајланд Маха Чакри Сириндхорн во 2007 година. Меѓутоа, посетата на „најдобриот воден парк во светот“ не е универзално пријатно искуство.
Рецензентите често ги споменуваат непристојниот персонал и проблемите со пристапноста. Некои рецензенти спомнале дека биле посрамувани поради нивната тежина и споменале дека паркот не е прилагоден за лица со инвалидитет. Скоро една третина од рецензиите имале нешто негативно да кажат за своето искуство.
Feliz día a todas la mujeres ♥️♥️♥️ pic.twitter.com/i40Q5Gw2pI
— Siam Park (@SiamPark) March 8, 2025
Планиран и изграден од страна на списанието Time Out во 2014 година, Time Out Market во Лисабон бил првиот проект на компанијата како хала-ресторан.
Проектот во 2018 година добил престижната Hamburg Foodservice Award - една од најценетите награди во индустријата на прехранбени услуги. Меѓутоа, според рецензиите, работите можеби се влошиле од тогаш. Повеќе од една четвртина од рецензентите заминале разочарани.
Се чини дека Time Out Market Лисабон е жртва на сопствениот успех. Атракцијата имала најголем процент на рецензии во кои се споменува гужва или проблеми со пристап (18,4 отсто во споредба со просекот од 4,4 отсто).
Time Out Market Lisboa,Portugal.
— Ken lynx 😺カイロの山猫(ΦωΦ)🐱 (@kenlynx) January 18, 2024
ポルトガルの伝統料理から日本的な😅料理まで楽しめるタイムアウトマーケット。#timeoutmarketlisboa #Portugal#portugal🇵🇹 #lisbon #lisboa #ポルトガル #伝統料理 #料理 #タイムアウトマーケット#タイムアウトマーケットリスボン#リスボン pic.twitter.com/7nV2joYqbl
Фонтана ди Треви е култен барокен споменик во Рим и е прикажана во популарни филмови како La Dolce Vita и Holiday in Rome.
Секоја година туристи фрлаат околу еден милион евра во фонтаната, а монетата фрлена во водата треба да гарантира враќање во Рим во иднина.
Fontana Di Trevi Rome, Italy 🇮🇹 pic.twitter.com/9TIJ4UZIhV
— Amazing eyes (@Amazingeye55) March 8, 2025
Меѓутоа, ако фрлите паричка со желба во фонтаната, можеби треба да посакате помудро да го одредевте времето на вашата посета. По Time Out Market во Лисабон, рецензиите за Фонтана ди Треви го имале вториот најголем процент на луѓе кои споменувале гужва или проблеми со пристапноста. Секоја четврта личност имала нешто негативно да каже за своето искуство.
Фонтаната исто така беше затворена поради реновирање во 2024 година, што можеби придонело за разочарување кај некои посетители.