Петгодишно момче пливаше со најголемата ајкула во светот
Петгодишниот Манила доживеа незаборавно искуство додека беше со семејството на патување во Австралија. Детето, заедно со неговото семејство, уживаше во пливањето со кит-ајкула.
Иако се забележани примероци од 14 метри, просечната кит-ајкула е долга околу 7,6 метри. Се хранат сo планктони кои ги собираат пливајќи со отворена уста која може да биде широка до 1,4 метри. Но, како што може да се види од снимката, децата воопшто не се уплашија од овој морски џин. Инаку, станува збор за YouTube сензацијата The Bucket List Family, семејство со три мали дечиња кои патува низ светот и објавува интересни видеа.