Петков: Повторно ќе бидам кандидат за премиер

Извршниот совет на најголемата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Продолжуваме со промената“ влегува во преговори за нова влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков вечерва има уште една средба на раководството на партијата, за предлог составот на новата влада на „Продолжуваме со промената“.

Петков потврди дека ќе биде предложен за иден премиер. Тој не сакаше да ги коментира именувањата за поединечните министерски места, бидејќи реално, додека неговата партија нема поддршка од независни пратеници, се надева дека ќе види дали има таква шанса и затоа не сака да навлегува во детали со нивните имиња.

Премиерот во оставка коментира дека не би преговарал со Бојко Борисов, Дељан Пеевски и „Движењето за права и слободи“, Костадин Костадинов, лидер на националистичката партија „Преродба“, како и со Слави Трифонов. Кирил Петков истакна дека шефот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов не може да направи чекор без одобрение на Слави Трифонов и затоа нема да може да преговара со него.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе поднесе оставка од владата, по што ќе започне процедурата за формирање нова влада. Според неа, претседателот Румен Радев треба да го предаде првиот мандат на најголемата политичка партија во бугарскиот Парламент, а доколку не успее да го врати исполнетиот мандат со предлог-влада, тогаш мандатот ќе го добие втората по големина партија во Народното собрание. а ако не успее тогаш претседателот, според Уставот на Бугарија, има право да избере на која од другите партии да и го предаде, а ако не поднесе предлог влада, тогаш го распушта Парламентот со два декрети и назначува преодна влада до предвремените парламентарни избори во земјата и формирање редовна влада.

реклама

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе