Петков: Во Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не сакаат добрососедство и стабилност меѓу нив

Во Република Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, „за надворешната политика во нашите односи, одговорни се премиерот Ковачевски и премиерот Петков“,  посочи бугарскиот премиер. Тој рече дека со Ковачевски се познаваат две недели, и сето она што е договорено било исполнето. Петков додаде дека „од нас зависи и ние ќе направиме сѐ за да постигнеме добрососедство. Наведениот став го потврдивме и во разговорите“.

Според Петков, со проширувањето на односите – воведувањето пат, авион, железница до Скопје, одеднаш сите се поподготвени да разговараат за целата рамка на добрососедство.

Петков најави дека утре, по положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија со вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крастевски, заедно со претседателот Румен Радев во 17:30 часот во Благоевград ќе одадат почит на споменот на Гоце Делчев.

На излегување од БНТ, премиерот Кирил Петков најави дека бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска ќе го посети Скопје и ќе одаде почит на раѓањето на Гоце Делчев. Тоа ќе го направи заедно со македонската министерка за култура.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе