Петличковски: Не може да сме сигурни дека ковид-кризата заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци

Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Во врска со неносењето маска во маркет, која, пак е задолжителна во такси возило, рече дека ризикот во затворен мал простор во такси шансите за пренос на инфекцијата е многу голем, додека шансите за пренос на инфекција во маркетите се помали, а во болниците и во аптеките идејата е да се заштитат тие кои се во ризична категорија и оттука и планот за носење маски.

– Вчера имавме 32 хоспитализирани пациенти со COVID-19 што е одличен показател на трендот, многу мал дел од нив се во сериозна состојба и има еден или ниеден починат дневно, што укажува дека состојбата е многу стабилна и со многу мал ризик, потенцијал за влошување. Секогаш тие кои ќе стигнат до болница се во придружни коморбидитети. Има некои чии коморбидитети се откриваат во тек на хоспитализацијата. Останува еден голем процент на невакцинирани кои стигнуваат до болница. Последниве месеци имунитетот кој се стекнува со вакцинација и со прележување на болеста се изедначува. Прележувањето е поризичниот пат за стекнување имунитет. Затоа апелирам дека нема да се откажеме од вакцините и после овој летен период на олабавување ќе започнеме повторно една поинтензивна кампања за објаснување на користа од вакцините која е неспорна во случај наесен да треба да се подготвуваме за нов бран, рече Петличковски во гостување на Сител.

Во врска со постковид компликации рече дека голем дел од компликациите го засегаат нервролошкиот систем, има кардиолошки случаи, има малку психологија нарушена, има засегање на црниот дроб, значи многу систем се засегнати од ковидот.

– Размислуваме да организираме клиника или институција која ќе биде ориентирана на справување со постковид симптомите, додаде Петличковски.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе