Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска

Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска. Главнот град Загреб исто така претрпе големи штети.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.

Сите расположливи противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ потврди дека засега има информации за едно загинато дете.

URL

Луѓето се на улица, јавуваат хрватски медиуми. Во Петриња во прекин се телефонските врски.

Во Загреб има сообраќаен колапс по силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а полицијата ги повика граѓаните да користат лични возила само во итни ситуации.

Загрепската полиција ги повика граѓаните да следат други препораки во случај на земјотрес.

Remote video URL

Читајте следно- Јутарњи лист: Во силниот земјотрес загина дете во Петриња

Поголемиот дел од градот е без струја, а на улиците има сообраќаен колапс, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на Петриња, јавија хрватски медиуми.

Претходно хрватската полиција ги повика граѓаните да излезат на отворено доколку се во можност и да се оддалечат од зградите што се во опасност да се урнат по денешниот силен земјотрес.

Читајте следно: Многу урнати куќи од силниот земјотрес во Хрватска, не е познато дали има починати

Нуклеарката Кршко прекина со работа според вообичаената постапка во случај на посилни природни несреќи. Таа е градена да биде отпорна на многу посилни потреси од оние кои досега се забележани во Словенија или Хрватска. Нејзината конструкција го издржа ударот од 7,9 степени, колку што беше јачината на најкатастрофалниот потрес на подрачјето на денешна Словенија во 1511 година. Уште еден силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени се случи во 1917 година во близина на Кршко, кај Брежице.

Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе