Петте најлоши навики за појадок поради кои побрзо стареете

Со оглед на тоа што појадокот е првиот оброк во текот на денот, тоа што го јадеме може подоцна да влијае на остатокот од денот. Затоа, за наутро бирајте намирници кои ќе ви користат, вклучително влакна и антиоксиданси.

„Појадокот ви дава можност да внесете доволно овошје и зеленчук за тој ден, а може да ви овозможи диетални влакна и храна богата со антиоксиданси“, вели нутриционистот Роксана Есани.

Поради кои пет најлоши навики за појадок забрзано стареете?

Пиење засладено кафе

Од пиењето засладено кафе наутро веројатно ќе добиете налет на енергија од шеќерот и кофеинот, но ако не јадете нешто друго, брзо ќе почувствувате дека нивото на енергија повторно ви опаѓа. Наместо тоа, одберете со појадокот да испиете обично црно кафе.

Преработено месо

Месото за појадок, како колбаси, е вкусно но не е баш добар избор за организмот.

Ако одвреме-навреме јадете преработено месо за појадок, тоа може да биде океј, но, ако го јадете секој ден тоа е лоша навика поради која ќе имате недостиг на влакна во организмот, а ќе внесувате заситени масти и нитрати кои можат да предизвикаат стрес, советува нутриционистот.

Не јадете храна богата со антиоксиданси

Ако во вашата чинија нема овошје или зеленчук значи пропуштате да јадете антиоксиданси, клучни за спречување болести и продолжување на долговечноста 

За да додадете што повеќе хранлива вредност, Есани предлага да додадете малку листови од спанаќ и домати во сендвичот со јајца. Или ако јадете вафли со јогурт додадете и неколку вида овошје.

Не внесувате доволно течности

Пиењето вода не само што ја одржува кожата свежа, туку и ги пренесува хранливите материи низ телото. Пијте барем 6 до 8 часа вода во текот на денот.

Не појадувате

Ако во текот на денот избегнувате да појадувате, веројатно не ја носите најздравата одлука кога станува збор за стареењето.

Доколку ви се случува да го прескокнете појадокот, нутриционистот предлага да консумирате нешто како банана и дланка ореви. Ако наутро не чувствувате глад, можеби сте се прејале во текот на вечерата. Можеби решение за појадокот е малку да ја намалите вечерата или пак да ја избегнувате.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе