Пијана комета: 46P/Wirtanen има ненормално високо ниво на алкохол

Можеби не сте знаеле, но кометите често се „алкохолизирани“ небесни тела. Имено, кога се приближуваат до нашето Сонце и се загреваат, почнуваат да испуштаат алкохолни соединенија во вселената.

Некои од нив се чини дека се повеќе склони кон алкохолот од другите. Откако ја анализирале атмосферата на кометата 46P/Wirtanen која налетала низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем во 2018 година, научниците забележале „ненормално голема“ количина на алкохол.

„46P/Wirtanen има една од највисоките стапки на алкохол и алдехиди измерени во која било комета досега. Ова ни кажува за начинот на дистрибуција на молекулите на јаглерод, кислород и водород во раниот Сончев Систем, кога била создадена 46P/Wirtanen“, рече космологот Нил Дело Русо од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Редовен гостин

Кометата 46P/Wirtanen е прилично редовен посетител на внатрешниот дел на Сончевиот Систем. Се врти околу Сонцето на секои 5,4 години, понекогаш приближувајќи се толку близу до Земјата што можеме да го видиме на ноќното небо со голо око, пишува Science Alert.

За време на нејзината последна посета, во декември 2018 година, таа ни пријде на околу 11,6 милиони километри или околу 30 пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината.

Астрономите ја искористија оваа можност да ја проучат користејќи го спектрографот Near-Infrared Spectrograph (NIRSPEC) на опсерваторијата Кек. Користејќи го овој уред, тие ја анализирале сончевата светлина што минувала низ атмосферата на кометата за да го утврдат нејзиниот хемиски состав.

Што може да ни каже атмосферата на кометата?

Атмосферата на една комета може да ни каже многу за надворешниот дел на Сончевиот Систем. Кометите се разликуваат од астероидите по тоа што се составени од различни замрзнати соединенија. Астероидите, пак, се претежно камени или метални небесни тела.

За време на поголемиот дел од орбитата на кометата, овие спојки се замрзнати, но кога кометата ќе се приближи доволно близу до Сонцето, мразот почнува да се сублимира (преминува од цврсто на гасовито) и исфрла прашина од површината, создавајќи прашлив и гасовит плик.

Овој материјал формира опашки од гас и прашина, за кои се познати комети и на кои можат да им се заблагодарат за нивната убавина.

Бидејќи овој материјал е замрзнат во кометата уште од времето кога е формирана, од раниот период на Сончевиот Систем, кога сублимира, ни нуди информации за составот на исконскиот гасен облак од кој потекнува самиот Сончев Систем.

Атмосферата на 46P/Wirtanen има: ацетилен, амонијак, етан, цијановодородна киселина, метанол и вода.

Комета со висока температура

NIRSPEC исто така ја измери температурата на комата и направи интересно откритие – потопла е отколку што може да ја загрее сонцето.

„Откривме дека температурата на водниот гас во атмосферата на кометата не се намалува значително со оддалеченоста од јадрото, што подразбира механизам за затоплување“, рече астрономот Ерика Гиб од Универзитетот во Мисури.

Сè уште не е познато за каков систем на греење станува збор, но има неколку теории. На пример, сончевото зрачење може да јонизира некои молекули во атмосферата, близу до јадрото, што резултира со ослободување на електрони. Овие електрони може да се судрат со други молекули и да ја пренесат енергијата ослободена како топлина кон нив.

Друга можност е дека цврсти парчиња мраз се распаднале и се оддалечиле од јадрото дури и пред процесот на сублимација, ослободувајќи енергија за време на судирот.

Пронајдени се и комети со состојки потребни за развој на животот, а проучувањето на овие замрзнати вселенски грутки може да биде од големо значење не само за разбирање на потеклото на Сончевиот Систем, туку и за време на потрагата по вонземски живот.

„Студиите за комети како оваа се возбудливи затоа што служат како основа за прашањето од милион долари - дали сме сами во вселената?“, изјави астрономот Грег Допман од опсерваторијата Кек.

Истражувањето First Comet Observations with NIRSPEC-2 at Keck: Outgassing Sources of Parent Volatiles and Abundances Based on Alternative Taxonomic Compositional Baselines in 46P/Wirtanen е објавено во стручното списание The Planetary Science Journal.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе