Пијано дуото Сато-Попивода наградено во Токио
Mузичкиот проект на македонско-јапонското пијано дуо Асами Сато и Ема Попивода e награден помеѓу 20.000 пријавени проекти од градската управа на Град Токио за најуспешен проект.
Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ од циклусот „Ноктурна оп. 52 б“ на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн за време на карантинот.
Видеото е инспирирано од архитектот Кензо Танге, кој на некој начин ги поврзува Скопје и Токио. Содржи снимки од двата града, макети и планови за изградба на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.