Пик на коронавирусот во Кавадарци, активни 516 случаи

Пик на коронавирусот има во Општина Кавадарци, состојбата е крајно алармантна, во моментов има 516 активни случаи. Вака денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев, по состанокот на Општинскиот Кризен штаб. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст.

Јанчев информираше дека во регионалната кавадаречка болница се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 30 од Кавадарци. Притоа појасни дека сите се на кислородна поддршка и со интензивна терапија.

Еден од заклучоците на Кризниот штаб е граѓаните да бидат максимално одговорни кон почитувањето на мерките од Владата, посебно кон одржување дистанца, носење заштитна опрема и намалување на контактите, е еден од заклучоците на Кризниот штаб.

Покрај тоа, со заклучоците се апелира до сите оние кои имаат симптоми на COVID-19, навремено да се јават на матичен лекар.

– Се задолжуваат угостителските објекти да воведат менаџирање на влез и излез за спречување на ширење на вирусот, стои во заклучоците.

Со нив, се препорачува до инспекциските служби од Државен пазарен инспекторат да вршат зачестени контроли во угостителските објекти, а МВР почесто да контролира по маркети, банки и јавни површини, за да се види дали се почитуваат соодветните мерки.

Јанчев нагласи дека ќе има сериозни проблеми, ако не се почитуваат мерките за заштита. Тоа, како што појасни, би значело проблем со хоспитализација во болницата, која има на располагање 60 легла. Во средина на јануари имало само 12 хоспитализирани лица и таа состојба траела две до три седмици.

Градоначалникот рече дека на располагање се голем број тестови за COVID-19.

Состанокот на Општинскиот кризен штаб бил по иницијатива на градоначалникот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе