Се динстаат во ароматичен сос од сенф, кромид и сланина - вкусно јадење за малку поинаков ручек.

Пилешкото месо е исклучително здраво, а секој дел од месото може да се користи за подготовка на јадењето. Белото месо е најпопуларно и има безброј рецепти за негово подготвување, но батаците се уште посочни и повкусни, особено ако ги направите во овој прекрасен сос од сенф и сланина. Не треба да бидете професионален готвач за да успее ова јадење, а најдобро е да го послужите со додаток ориз или пире од компири.
Потребни состојки:
- 1 кг батаци
- 150 гр сланина
- 2 кромида
- 1 лажичка мајчина душица
- 6 чешниња лук
- 3 лажици сенф
- 1 лажичка зрна бибер
- 1 лажица брашно
- 700 мл вода
- магдонос
- 2 листа ловор
- сол
- бибер
Подготовка:
Зачинете го месото со сол и бибер од двете страни, а потоа добро истријте го. Во загреана тава која малку сте ја подмачкале се пржи по 5 минути од двете страни. Извадете го месото, па додадете ја сечканата сланина, а кога исто така ќе се испржи, извадете ја од тавата. Истурете го сечканиот лук, а потоа посолете и побиберете. Додадете го кромидот, а кога ќе омекне по една минута додадете го и сенфот. Посипете зрна бибер и измешајте. Потоа додадете брашно, измешајте и турете вода. Вратете ги месото и сланината, ставете го ловоров лист и поклопете, варете на ниска температура околу 45 минути. Посипете со сечкан магдонос.