Пилешки докопани во бело вино и сос од павлака

Пилешките докопани во бело вино и сос од павлака се како ручек од најдобриот ресторан, а се едноставни за подготовка.

Овој рецепт користи два вида кромид, обичен и шалот. Зошто е корисно да се јаде кромид? Кромидот е богат со влакна, кои можат да го подобрат здравјето на дебелото црево и да го намалат воспалението. Содржи витамин Ц, важен за имунитетот, витамини Б9 и Б6, како и калиум кој благотворно делува на крвниот притисок. Богат е и со антиоксиданси.

Потребни состојки:
  • 4 пилешки докопани
  • ½ кромид
  • 1 шалот
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици
  • 1 лажица свежи листови мајчина душица
  • 1 лажица доматна паста
  • 200 мл црвен вински оцет
  • 400 мл бело вино
  • 400 мл пилешки булјон
  • 400 мл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Прво подгответе го зеленчукот така што ќе го исечкате: кромидот и шалотот на коцки, лукот ситно. Исечкајте го и тарагонот. Во тава пржете го пилешкото од двете страни на масло додека убаво не порумени, па извадете го од тавата.

Додадете го кромидот, чалотот и лукот во тавата и пржете ги на средна топлина додека не поруменат. Додадете ја доматната паста и продолжете со готвењето 2 минути. Засилете ја топлината и додадете го оцетот.

Оставете да зоврие и продолжете со готвењето додека не добиете конзистентност како сируп. Додадете вино и варете 2 минути. Додадете го булјонот и билките и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, динстајте на тивок оган, додадете ги парчињата пилешко, поклопете и продолжете да динстате 15-20 минути.

Отстранете го капакот и извадете ги парчињата пилешко. Додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие. Гответе додека не се намали за 50%. Вратете го пилешкото во тенџерето и покријте го, па оставете 1 минута повторно да се загрее. Послужете со многу сос и уште сечкан тарагон.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alex Trim (@chefalextrim)

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Рецепти

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

5 најчести грешки што ги правиме при варењето тестенини

Read more
Шест рецепти за љубители на лута и зачинета храна

6 рецепти за љубители на лута и зачинета храна

Read more

Ловечки шницли со готова мешавина за ѓувеч

Read more
 

Магазин

Токсично однесување со кое си ја убивате врската

Читај повеќе
  • filter

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Читај повеќе

Скандинавски метод на спиење: Дали ќе ви ја спаси врската?

Читај повеќе

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Читај повеќе

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Читај повеќе

Хепатолог укажува на знаци дека црниот дроб не работи правилно

Читај повеќе
Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Читај повеќе

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете тестенини?

Читај повеќе