Пиоли: Еден зрел тим мора да најде начин да се издигне по ваков пораз

Стратегот на Милан е изненаден од лошото издание на неговиот тим кој добрата серија ја прекина синоќа во Лига Европа.

Милан беше во одлична серија од 24 натпревари без пораз. Последен пат горчината на поразот ја имаше почувствувано на 8 март, последниот натпревар пред паузата е поради пандемијата, кога со 1:2 загуби дома од Џеноа кога нашиот Пандев во 7. минута го најави поразот на „Росонерите“. Синоќа во рамките на 3. коло од Лига Европа среде Милано со 0:3 се радуваше француски Лил.

„Нѐ пресретна еден силен тим, а и сами си ја искомплициравме работата после добриот почеток. Екипата на Лил е брза и физички подготвена. Кога се најдовме во негатива почнавме и премногу да им подаруваме. Генерално, мислам дека можевме да создадеме многу повеќе шанси. Сега ќе почнеме одново анализирајќи ги позитивните и негативните работи од натпреваров, но реално, ќе има повеќе негативни. Не го дадовме максимумот, остававме премногу празен простор“, рече Пиоли.

„Не направивме грешки во подготовката за натпреварот. Еден зрел тим мора да најде начин да се издигне по ваков пораз. Во првото полувреме ја држевме играта, но не бевме добри во завршницата, бевме непрецизни. На 0:2 веќе стана тешко и од психичка гледна точка“.

Со овој пораз Милан падна на второто место со 6 бодови, а токму Лил го презема врвот со 7. Трета е Спарта со 3, а последен Селтик со само бод.

Пиоли беше прашан за реакцијата на Ибрахимовиќ кој гестикулираше и негодуваше кога беше заменет во 71. минута кога веќе беше 0:3. Медиумите на Чизмата шпекулираат дека не сакал да излезе од игра, но Пиоли има поинакво мислење.

„Мислам дека не беше задоволен од тоа што го одигра, не знам што рекол“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе