КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Пиоли: Златан се извинуваше во соблекувалната

Златан Ибрахимовиќ ги остави своите соиграчи на цедило синоќа откако по втор пат пожолте и мораше предвреме да замине во соблекувалната.

Кавгата и навредите на Ибра со Ромелу Лукаку придонесоа само со жолти картони за двајцата, но потоа Швеѓанецот заработи уште еден, што значеше исклучување. Во 58. минута Ибра сакаше да го запре продорот на Александар Коларов, кој не ни претставуваше опасност бидејќи беше на средината на теренот, но го сопна од зад грб, старт за кој по правило се доделува жолт картон.

Судијата Паоло Валери ги следеше правилата, а ни самиот Златан не се бунеше бидејќи му беше јасно дека направи наивен и сосема непотребен фаул кој му донесе црвен картон.

„Првиот жолт картон директно влијаеше на исклучувањето. Не знам што си кажале, но се случува. Вториот жолт беше поради неговата желба да брка наназад и да му помогне на тимот. Можеше да успори, но ете, се случува“, рече тренерот Стефано Пиоли говорејќи за Rai Sport.

Ибра го добива првиот жолт картон во 45. минута

Потоа додаде и дека Ибра им се извинил на соиграчите во соблекувалната по натпреварот. Факт е дека тој е директен виновник за елиминацијата од Копа Италија бидејќи додека беше на терен Милан водеше токму со неговиот гол постигнат во 31. минута, а потоа Интер со играчка предност направи предност и победи со 2:1.

„Во соблекувалната Златан им се извини на сите. Тој е голем шампион“, додаде Пиоли.

реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе