Пирло: Ми треба нов напаѓач што е можно поскоро

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло го коментираше денешниот натпревар со Новара: задоволен е од резултатот (5:0), но рече дека му е потребен нов напаѓач што е можно поскоро.

– Среќен сум по контролната. Со сите играчи се сретнавме едвај во четвртокот. Имавме само два дена да се подготвиме за овој натпревар, но момците се посветени. Во тимот мора да има ентузијазам. Играчите почнуваат да се навикнуваат на новиот вид на работа и да се забавуваат. Ова е најважната работа, да се започне одново. Пред нас е долга сезона и сега ќе имаме време и можност да работиме заедно. Пробуваме различни идеи. Во првото полувреме започнавме со одбрана од четири, која се претвори во три. Во второто полувреме останавме со три во одбрана и три во напад. Затоа, пробуваме повеќе решенија. Имаме уште една недела да се подготвиме за почетокот на сезоната, вели Пирло.

Remote video URL

Тој исто така истакна дека му треба нов напаѓач што е можно поскоро по очекуваното заминување на Гонсало Игуаин.

– Да, ми треба нов напаѓач што е можно поскоро, но преодниот рок е долг и ќе се затвори на почетокот на октомври. Ќе има време да се работи во овој поглед. Сѐ уште постои надеж следната недела да ги видиме навивачите барем на дел од стадионот. Ни требаат, но истото важи и за целиот италијански и европски фудбал. На Кристијано Роналдо му оди добро, тоа го покажа денес, како и со репрезентацијата. Тој се движи со леснотија и е подготвен да направи силна сезона, изјави тренерот на „Бјанконерите“ по натпреварот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе