УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Пирло: Мораме денес да обезбедиме пласман во осминафиналето

Дуелот со Ференцварош во Торино за Андреа Пирло значи само едно - победа, бидејќи на тој начин Јувентус уште вечерва ќе си обезбеди место во осминафиналето.

Од 21 часот на „Алианц“ стадионот во Торино екипата на Јувентус го пречекува унгарскиот шампион кого пред репрезентативната пауза со 4:1 го среди среди Будимпешта. Убедливата гостинска победи на некој начин навестува дека „Старата дама“ и денеска не би требала да има проблеми, но сепак, победата треба да се одработи.

„Мораме да му пристапиме на натпреварот на најдобар можен начин. Пад во концентрацијата е недозволен. Сакаме да си обезбедиме пласман во наредната фаза што е можно порано. Имаме некои отсуства во одбраната, но останатите се тука и ќе играат оние кои се во најдобра форма. Дибала си ја бара формата, а за тоа е потребно време. Пред натпреварот ќе видиме дали ќе игра од почеток или не“, вели Пирло.

Линијата пред голманот Војчех Шченсни ќе биде без искусните Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини кои се повредени.

„Ова ќе биде одлучувачки натпревар. Гостувањето кај нив беше добро, но сега е важна само сегашноста. Размислуваме за различни решенија во нападот. Ќе се обидеме да играме со Дибала, Кристијано и Мората, но нив им треба време за да навикнат на играње сите заедно“.

Јувентус има 6 бодови и со победа вечерва ќе има 9, па доколку киевски Динамо не приреди сензација и ја совлада Барселона, Јуве на две кола до крајот ќе обезбеди пласман во осминафинелето и мирни последни две кола.

„Важно е сега да обезбедиме пласман во осминафиналето бидрејќи тоа ќе ни овозможи да ги одмориме оние стандардните кои играат цело време од почеток на сезонава“, завршува стратегот на „Бјанконерите“.

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Шест љубовни парови создадени еден за друг

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more

25 јуни 1876, Индијанците ја поразиле американската војска кај Литл Бигхорн

Read more

Фудбал

Македонските фудбалерки го совладаа Косово

Read more

Руни го напушти Дерби Каунти

Read more

ПСЖ објави колку заработи на Меси - бројките се неверојатни

Read more

Познат распоредот за новата сезона во Серија А: Кога се големите дербија?

Read more
 

Спорт

Македонските фудбалерки го совладаа Косово

Читај повеќе

Руни го напушти Дерби Каунти

Читај повеќе

Лејкерс потпишаа договори со синовите на Шекил О'Нил и Скоти Пипен

Читај повеќе

Ѓоковиќ против Кореецот Куон на стартот на Вимблдон

Читај повеќе

ПСЖ објави колку заработи на Меси - бројките се неверојатни

Читај повеќе

Познат распоредот за новата сезона во Серија А: Кога се големите дербија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ботас сабајлево го разбуди Милано

Читај повеќе

Роналдо му постави ултиматум на Јунајтед

Читај повеќе

ФИФА промени две важни правила за бројот на играчи за Светското во Катар

Читај повеќе