НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг повторно потфрлија, а Далас Маверикс повторно загуби од Оклахома Сити Тандер и сега резултатот е 2-2 во полуфиналната серија на плеј-офот на Западната конференција.

Оклахома победи со 110:96, а Ирвинг постигна само 9 поени со 4/11 шут од поле, додека Дончиќ забележа трипл-дабл од 18 поени, 12 скока и 10 асистенции, но со очаен 6/20 шут од игра.

Словенецот промаши и едно од двете слободни фрлања на 10 секунди до крајот со кои можеше да се израмни на 96:96 и со право го понесе епитетот на трагичар на дуелот.

Оклахома, вообичаено, до победата ја предводеше одличниот Шеј Гилџс-Александер со 34 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Remote video URL

Натпреварот број 5 меѓу Далас и Оклахома се игра в четврток рано утрината од 3:30 часот по македонско време во „Пејком“ арената во Оклахома. Директниот преност ќе биде на Arena Premium 1.

Бостон Селтикс поведе со два разлика од серијата против Кливленд Кавалирс и се доближи на само една победа до конференциското финале. Селтикс победија со 109:102 на гостински терен и поведоа со 3-1 во полуфиналната серија од плејофот на Источната конференција.

Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со дабл-дабл од 33 поени, 11 скока и 5 асистенции, додека на другата страна Дариус Гарланд постигна 30 поени.

Remote video URL

Петтата пресметка меѓу Бостон и Кливленд се игра во четврток малку по полноќ од 1:00 часот по македонско време во „ТиДи Гарден“ арената во Бостон. Директен преност ќе има на Arena Premium 1.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Кошарка

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more

Лоши вести за Јокиќ

Read more
 

Спорт

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Читај повеќе
  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе