Пирова победа на македонските кошаркари над Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација остана без учество на Европското првенство, и покрај победата над Естонија попладнево во Перм од 86:84, што беше недоволна во пресметката со директниот конкурент за пласман на завршницата.

На македонските кошаркари им беше неопходна победа од најмалку девет поени разлика, а задачата уште повеќе им се усложни по првото полувреме, кое Естонците го добија со плус 11 поени разлика (49:38).

Македонскиот напад не функционираше во првите две четвртини, во кои избраниците на Александар Тодоров имаа дури 12 загубени топки и само три реализирани тројки од 14 обиди.

Со агресивна одбрана на стартот на третата третина и серија од 12:0, од кои девет поени постигна Џејкоб Вајли, Македонците се приближија на 54:50, но уследија две „среќни“ тројки на спротивната страна со кои Естонија ја врати предноста од десет поени.

Македонските кошаркари не се откажаа во ниту еден момент и упорноста им донесе водство од 81:80 на 1,44 секунди до крајот на натпреварот, но немаа сили за подвиг.

Најефикасни во македонските редови беше Ненад Димитријевиќ со 23 поени, додека Вајли постигна 18 кошеви, додавајќи и 14 скокови.

Македонските кошаркари во евроквалификациите забележаа по една победа и пораз против Италија и Естонија, и два порази од Русија.

Пласман на Евробаскетот, покрај домаќините Италија, Германија, Грузија и Чешка, обезбедија досега уште Хрватска, Грција, БиХ, Израел, Шпанија, Словенија, Украина, Русија, Србија, Финска, Полска, Унгарија, Белгија, Холандија, Турција, Бугарија, Франција, Естонија и Велика Британија. 

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе