Пирс Броснан: Следниот агент 007 треба да биде жена

Поранешниот Џејмс Бонд Пирс Броснан смета дека е време жена да ја преземе улогата на фамозниот агент 007.

Актерот кој го играше Џејмс Бонд во четири филмови од франшизата од 1995 до 2002 година – „GoldenEye“, „Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“ – во изјава за Hollywood Reporter рече дека според него би било „возбудливо“ и „интересно“ да видиме жена во улогата на агентот Бонд.

„Мислам дека ги изнагледавме мажите како го прават тоа во изминатите 40 години. Мажи, тргнете се од патот и ставете жена во улогата!“, вели 66-годишниот актер.

Даниел Крег ќе ја репризира улогата на фиктивниот британски шпион по петти (а најверојатно и последен) пат, во „No Time To Die“ што треба да има премиера догодина.

Броснан се надева дека ќе го сменат полот на овој легендарен лик, но смета дека проуцентката на успешната филмска франшиза Барбара Броколи не би се сложила со идејата.

„Мислам дека тоа нема да се случи додека семејството Броколи стојат зад франшизата“, вели Броснан.

Актерката Рејчел Вајс, која е во брак со Крег, лани за The Telegraph на темата изјави дека „жените заслужуваат нивни посебни приказни“.

реклама

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Read more

Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Read more

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Read more

Објавен трејлерот за петтата сезона на „Queer Eye“

Read more

Шарлиз Терон е бесмртна хероина во акцијата „The Old Guard“

Read more

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за петтата сезона на „Queer Eye“

Читај повеќе
  • play_arrow

Шарлиз Терон е бесмртна хероина во акцијата „The Old Guard“

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Spies in Disguise“

Читај повеќе
  • filter

Како би изгледале познатите филмови со други актери во главната улога?

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за последната сезона на „13 Reasons Why“

Читај повеќе

Брнабиќ: Exit ќе се одржи во август

Читај повеќе

Питер Динклиџ и Џејсон Момоа ќе глумат во хорор филм

Читај повеќе