Поранешниот Џејмс Бонд Пирс Броснан смета дека е време жена да ја преземе улогата на фамозниот агент 007.
Актерот кој го играше Џејмс Бонд во четири филмови од франшизата од 1995 до 2002 година – „GoldenEye“, „Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“ – во изјава за Hollywood Reporter рече дека според него би било „возбудливо“ и „интересно“ да видиме жена во улогата на агентот Бонд.
„Мислам дека ги изнагледавме мажите како го прават тоа во изминатите 40 години. Мажи, тргнете се од патот и ставете жена во улогата!“, вели 66-годишниот актер.
Даниел Крег ќе ја репризира улогата на фиктивниот британски шпион по петти (а најверојатно и последен) пат, во „No Time To Die“ што треба да има премиера догодина.
Броснан се надева дека ќе го сменат полот на овој легендарен лик, но смета дека проуцентката на успешната филмска франшиза Барбара Броколи не би се сложила со идејата.
„Мислам дека тоа нема да се случи додека семејството Броколи стојат зад франшизата“, вели Броснан.
Актерката Рејчел Вајс, која е во брак со Крег, лани за The Telegraph на темата изјави дека „жените заслужуваат нивни посебни приказни“.