„Писма од карантин“ – нова книга од Димитар Башевски

Издавачката куќа „Слово“ ја објави книгата „Писма од карантин“ од Димитар Башевски, настаната во месеците на ковид-пандемијата. Содржи книжевно-есеистички текстови во вид на отворени писма до познати личности во светот и до познати личности и пријатели кај нас.

Во освртот кон изданието, Томислав Османли пишува дека се работи за особена книга која авторот ја напишал во време на затвореност, изолација, кога мислата се фокусира на суштествени теми.

– Во „Писма од карантин“, Башевски го иницира жанрот на книжевно-есеистички, книжевно-критички и филозофски писма, каков што досега не се пројавил во нашата средина, барем не во објавени книги, додека тој литературен вид во културите и книжевностите во светот бележи многувековни традиции, од антиката па до денес. Оттаму, објавувањето на ваков вид книжевни и есеистички обраќања од еден автор по пат на отворени писма, се пројавува како оригинален творечки чин, наведува Османли.

Димитар Башевски е романсиер, раскажувач и поет. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици. За своите дела има добиено домашни книжевни награди и признанија.

Тагови
реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе