Популарниот магазин Playboy во 2015 година објави дека ќе престане да објавува фотографии од целосно голи моделки и со тоа ќе стави крај на 60 годишната традиција по која беше познат. Сепак, магазинот сега се враќа кон таквиот тип на фотографии, а тоа го најави со мотото Голото е нормално за изданието за април.
Овој потег следуваше откако синот на Хју Хефнер, Купер, стана главен креативен директор на списанието и најави дека ќе стави крај на забраната за голотија.
Според него проблемот бил во застарениот начин на прикажување на голотијата, а комплетното отстранување на најпознатиот сегмент од Playboy била грешка.
Во иднина Playboy повторно ќе има голи гради и задници, но нема да има фронтално, целосно голи модели. Првичната идеја за отстранување на голотијата беше замислена за поттикнување на продажбата на магазинот во продавниците, но имаше многу негативен ефект врз претплатата.
Our March/April 2017 cover #NakedIsNormal https://t.co/FhCkcmnV0S pic.twitter.com/WSxMElDa94
— Playboy (@Playboy) February 13, 2017