Проблеми за тимот од Градски Парк откако Американецот Демиер Питс ќе мора да оди во карантин поради позитивен тест.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички, е позитивен на вирусот COVID-19. Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација“, објави клубот.
Биле тестирани и останатите играчи чии тестови се негативни. Тоа значи дека сите осве Питс продолжувата со одржување на тренинзи и подготовките на новата сезона.
„Му посакувам брзо опоравување на Демиер Питс и враќање во тимот со останатите соиграчи. За сите дополнителни информации, навремено ќе ја информираме јавноста за состојбата на нашиот колега. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките и да бидат индивидуално одговорни за заштита на колективното јавно здравје“, вели Ненад Павловски, директорот на клубот.