По 21 година, Македонија се враќа во Венеција со „Вера сонува за морето“

Александра Спасеска
/ 28.07.2021 / 12:47

21 година подоцна, Македонија повторно во селекција на најстариот и најпрестижниот филмски фестивал од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, со филмот„Вера сонува за морето“.

Филмскиот фестивал во Венеција Mostra Internazionale d’Arte Cinematografica di Venezia e најстариот филмски фестивал во светот, што се одржува секоја година во Венеција, во почетокот на септември.

Официјално дел од Венециското биенале, фестивалот се одржува во живописниот дел на градот Лидо, а комбинацијата на локација и традиција го прави најпопуларна дестинација за светската елитата на филмската индустрија. Филмскиот фестивал во Венеција е основан во 1932 година како Esposizione d’Arte Cinematografica (Изложба на кинематографски уметности).

Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (ко-продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (ко-продуцент: Дионис Пападимитри).

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за  Вера, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството сопругот, реномираниот судија Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата  да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. Во филмот главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје. Во филмот играат и Рефет Абази, еден од најпознатите актери од Македонија, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.

„Дрим Фектори“ е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади реќисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од последните остварувања на „Дрим фектори“ е играниот филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот, потоа малцинските копродукции „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљковиќ (кој својата Светска премиера ја имаше во рамките на светскиот фестивал од А категорија Торонто интернационален филмски фестивал- каде што доби награда од публиката, а до сега е прикажан на педесетина фестивали меќу кои е и Санденс филмскиот фестивал основан од Роберт Редфорд), и „Височините“ во режија на Виктор Божинов работен според романот на Милен Русков добитник на наградата за Европски роман на годината, кој беше најголем кино хит за 2018 година во Р. Бугарија. Самиот влез на фестивалот во Венеција ја прави „Дрим Фектори“ една од најсупешните филмски продукции во Македонија.

Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, препознавајки ја младата Калтрина Красниќи како дел од новиот млад филмски бран, филмскиот проект „Вера сонува за морето“ главна поддршка доби од Филмскиот центар на Косово и дополнително од Филмскиот центар на Албанија.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе