По 34 години, се враќаат местата за стоење на Вембли

Нешто помалку од две илјади гледачи, кои ќе присуствуваат на овогодинешното финале на англискиот Лига куп меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед на 26 февруари на стадионот Вембли во Лондон, ќе имаат на располагање места за стоење, соопшти Англиската фудбалска лига (EFL).

Стадионот Вембли може да прими 90.000 гледачи, а за овој натпревар, по 867 места зад двата гола ќе бидат претворени во т.н. „безбедни стоечки зони“. Местата ќе бидат достапни за навивачите на двата клуба.

„Во овие зони на навивачите ќе им биде дозволено да стојат за време на натпреварот, на места каде што преградите или оградите ќе ги спречат да паднат нанапред. На сите останати делови од стадионот навивачите мора да седат“, соопшти EFL.

Одлуката доаѓа откако клубови како Кардиф Сити, Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем им понудија лиценцирани места за стоење на домашните и гостинските навивачи на пробна основа.

URL

Пред тој експеримент, сите стадиони на клубови кои се натпреваруваа во највисокото ниво на англискиот фудбал повеќе од 30 години беа само со места за седење. Причина за ваквата одлука беше трагедијата на стадионот Хилсборо во 1989 година, кога 97 навивачи на Ливерпул ги загубија животите во преполниот дел од трибината кој беше опкружен со железна ограда.

Во јули минатата година, британската влада соопшти дека сè повеќе британски клубови ќе почнат да воведуваат безбедни места за стоење на своите стадиони.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе