По 6 години истрага: Откриено кој ја издал и предал Ана Франк на нацистите

Шестгодишната истрага на холандските власти за предавството на младата Ана Франк го идентификува осомничениот за смртта на една од најпознатите еврејски жртви на холокаустот, пренесе Reuters.

Нејзиното засолниште го открил еврејскиот нотар Арнолд ван дер Берг, според тврдењата на тимот составен од пензионираниот ФБИ агент Винсент Панкок и 20 историчари, криминолози и експерти за анализа на податоци.

По повеќе од 75 години откако нацистите упаднале во засолништето на Франк во Амстердам, истражувачите заклучија дека е многу веројатно Ван дер Берг да го предал семејството за да го спаси сопственото семејство.

Како што е соопштено, обидот за идентификација на предавникот нема за цел да доведе до кривично гонење, туку да ја реши една од најголемите неразјаснети мистерии во Холандија, во текот на Втората светска војна.

Користејќи техники за анализа на голема количина податоци, составена е главна база податоци од листите на нацистички соработници, шпиони, историски документи, полициски евиденции и претходни истражувања, со цел да се добијат нови траги.

Десетина сценарија и локации на осомничени се визуализирани на мапа за да се идентификува предавникот на основа на сознанија на местото на криење и мотивот.

Нацистите ја пронашле Ана на 4 август 1944 година, по две години криење. Нејзиниот дневник бил чуван на безбедно место. Таткото на Ана, Ото Франк, го објавил во 1947 година две години откако Ана починала во логорот Берген Белсен, на 15-годишна возраст.

Нејзиниот дневник е преведен на 60 јазици и прочитан од повеќе милиони луѓе низ светот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе