По 80 снимени филмови, Силвестер Сталоне се појави во главната улога на мафијаш во серијата „Tulsa King“.
Paramount+ објави играна серија за њујоршки мафијаш кој по 25 години излегува од затвор и заминува во Тулса, Оклахома. Ова е првата главна улога на 75-годишниот Сталоне во серија.
Холивудската икона продолжува да одушевува, овој пат од другата страна на законот. По 50-годишната кариера во Холивуд, Сталоне е прилично шокиран од работата во телевизиска продукција.
Во седумдесеттите години се има појавено како гостин во серии, а сега ја има главната улога на мафијаш отуѓен од модерниот свет откако отслужил 25-годишна казна затвор.
На денот на излегувањето се осврнува на неговиот живот, кога уште на 17 години сакал да стане гангстер. Се сели во Тулса за да формира експозитура на криминална организација. Но, сфаќа дека мафијата има сосема други очекувања од него, кои се премолчени и не се во негов најдобар интерес, одлучува да се осамостои и создаде свое криминално кралство, па полека формира екипа од необични луѓе.
Крими драмата „Tulsa King“ има висока оцена на IMDb, а креирана е од Тејлор Шеридан.