По 87 години желката Диего се врати дома
Најпозната џиновска желка во светот конечно се врати дома, на архипелагот Галапагос.
Диего беше во „притвор“ на копното со единствена цел - да се зачува неговиот вид кој беше пред истребување. Откако беа останати само 14 живи џиновски желки, Диего и останатите станаа дел од проектот за зголемување на нивната популација која денес брои 2.300 џиновски желки.
Проектот почнал во 60-тите години на минатиот век кога научлниците востановиле дека на Галапагос живеат 12 женки и 2 машки џиновски желки.
Диего беше вратен на островот Еспањола, дел од архипелагот Галапагос, оддалечен 906 километри од од еквадорскиот брег.