Манчестер Сити влезе во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако на реванш натпреварот што се одигра пред празни трибини на стадионот Етихад го совлада Реал Мадрид со 2:1. Со ист резултат победи и на првиот натпревар што се одигра пред пет месеци во Шпанија.
По бурниот меч, на Етихад останаа само тренерите Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан. Двете фудбалски легенди поразговараа неколку минути, а потоа дадоа изјави за медиумите.
Гвардиола: Ако сакаме да ја освоиме ЛШ, треба да ги победуваме големите тимови
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола не се предаде на емоциите по успехот против Реал и ги повика своите играчи да останат цврсто на земја, затоа што ги чекаат нови тешкотии.
– Создадовме многу ситуации и нашите два гола паднаа по грешки на Реал. Јас се обидов да ги убедам играчите да одат напред, да напаѓаат, но против толку силен противник не е лесно. Задоволен сум од нашиот севкупен учинок. Видовте колку мирно играа играчите на Реал, тие се навистина многу добри. За нас е важно што ги победивме двапати. Нашата цел е да го освоиме турнирот. А за да триумфирате во Лигата на шампионите, треба да ги победите најголемите тимови, рече Пеп.
Како тренер, тој го победи Реал Мадрид 11 пати – повеќе од кој било друг во 21. век. По каталонскиот стручњак се Диего Симеоне и Ернесто Валверде со 9 победи против „кралскиот клуб“.
Марчело Липи и Отмар Хитсфелд се единствените тренери покрај Пеп кои го елиминирале Реал повеќе од еднаш во Лигата на шампионите.
Зидан: Можеме да бидеме горди на тоа што го постигнавме
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан зборуваше позитивно за перформансите на тимот во повратниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
„Кралевите“ загубија по втор пат со 1: 2 од „граѓаните“ и го напуштија турнирот, но Зидан ја пофали играта на играчите вчера, како и во текот на целата сезона.
– Не можеме да бидеме среќни откако испаднавме, но треба да бидеме горди на она што го сторивме. Сега не е време да се правдаме. Ние загубивме, но важно е што сум горд на напорите на тимот. Загубивме во двата натпревара, така што нашиот противник продолжува да се движи напред заслужено. Во второто полувреме, кога беше нашиот најсилен период, пропуштивме да постигнеме втор гол. Грешките на Варан? Мора да се задржи мирот. Како и за 95% од останатите играчи, сезоната беше импресивна за него. И јас нема да го менувам мислењето. Во принцип, испраќаме многу успешна сезона, иако не ја завршуваме на најдобар можен начин, рече Зизу по мечот.