По два дена мрак се појавило сонце - реконструкција на уништувањето на Помпеја

Како што многу пати се покажало, природата знае да биде доста немилосрдна, а еден од најдобрите примери за тоа е ерупцијата на Везув од 79 година. Истражувачите имаат направено многу реалистична реконструкција на овој настан во видео што трае 8 минути.

Помпеја најверојатно била основана во VII век и постоела во наредните 700 години. За тоа време на нејзините улици се менувале народи како Самни, Хелени, Етрурци и Римјани. Токму овие последните биле сведоци на нејзината пропаст и конечното уништување по ерупцијата на вулканот Везув во 79 година од новата ера. Покрај овој град биле уништени и блиските градови Херкуланеум и Стабија, а слојот од пепел што ги прекрил ја запечатил нивната историја, па денес им овозможува на научниците да ги дознаат и најмалите детали од секојдневниот живот на нивните жители.

Нешто слично се случувало и претходно...

Четири илјади години претходно, вулканскиот конус од Неаполскиот Залив го излеал својот бес на мало село од бронзеното време кои го затрупал под покривка од пепел во ерупција многу слична на онаа што се случила во 79 година. Оваа катаклизма не останала запаметена или забележана на некој материјал.

Наредните векови малите потреси и по некое исфрлање на пепел не ги вонзнемирувале многу жителите на овој древен град. Во февруари 62 година подрачјето го погодил земјотрес кој ѝ нанел голема штета на Помпеја, како ина  другите градови во близина, а потресите продолжиле да се повторуваат со смален интензитет. Поради тоа може да се каже дека жителите веќе и се навикнале на малите потреси, нивните животи нормално се одвивале.

Градот сѐ уште се обновувал кога на 24 август 79 година - или на 24 октомври, како што верува мнозинството денешни експерти - се случила катастрофална ерупција која убила илјадници луѓе и ги затрупала со пепел и камења што ги исфрлал вулканот.

Иако по два дена мрак и катаклизма, сонцето повторно излегло, а активноста на Везув се смирила - Помпеја била уништена. Локалитетот потоа бил изгубен повеќе од 1500 години, сѐ додека не почнале првите археолошки ископувања во 1748 година од страна на шпанскиот инженер Роке Хоакин де Алкубиере.

Remote video URL
реклама

Вести

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Read more

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе