По два месецa од пожарот, „Глобал“ повторно отворен

Два месеца по големиот пожар што го зафати Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, денеска почна да работи делот од Градскиот пазар кој не беше опожарен, како и продавниците на сите катови.

Според Стојан Манев од Здружението „Обнова Глобал“, работат две третини од објектот.

– Половина од Градскиот пазар денеска почна со работа, како и сите продавници од приземје до четрти кат од десната страна на главниот влез кои беа помалку зафатени од пожарот. Саниран е и покривот, а до крајот на неделата очекуваме да завршат работите во делот кој беше најмногу опожарен. Таму е поставена електричната инсталација, се поставуваат плочки, а ќе бидат поставени и излози на продавниците од внатрешната страна, рече Манев.

Додава дека се задоволни од работата на изведувачите на работоти, но и од динамиката на санирањето на штетите и обновувањето на „Глобал“.

Според информациите од претседателот на Општинската комисија за проценки на штети од елементарни и други непогоди, Ацо Ѓоргиев, тече поднесувањето барања од страна на сопствениците на тезги и продавници и досега се поднесени вкупно 59 апликации, од кои 44 се од правни субјекти и 15 од физички. Оттаму апелираат до граѓаните до крајот на неделата да ги поднесат барањата за да може да се постапува по нив.

Општинската комисија ќе ги сублимира барањата за отштета во заеднички извештај за штетата, кој ќе го достави до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе