По коронавирусот, во Кина сега се шири норовирусот

Во југозападната кинеска покраина Сичуан се шири норовирусот, со кој заразени се над 50 деца, пренесе Global Times.

– Вирусот се појави во градинка во градот Зигонг во покраината Сичуан, каде што децата пројавиле симптоми, меѓу кои и повраќање.

Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Од вирусот, кој многу лесно се шири, може да се заразат лица на сите возрасти. Луѓето заразени со норовирусот можат да исфрлат милијарда честички на вирусот, а само неколку вирусни честички можат да ги заразат другите луѓе околу нив.

По епидемиолошките испитувања и тестови на нуклеинска киселина, американскиот Центар за контрола на болести (CDC) потврди дека повраќањето е предизвикано од заразување со норовирусот.

– Сите деца се во стабилна состојба и се лекуваат во болница со благи симптоми, додаваат претставници на здравствениот оддел.

Во текот на минатиот месец вирусот се појави и во неколку училишта и универзитети во североисточната кинеска покраина Лиаонинг и северната кинеска покраина Шанси.

Засега нема вакцина против норовирусот.

Со норовирусот се заразуваат 685 милиони лица низ светот на годишно ниво и сè повеќе се појавува како проблем на јавното здравство во Кина.

Во февруари 2019 година, кинеските власти одобрија клиничко испитување за првата тетравалентна вакцина во светот против вирусот. Вакцината, по четири години развој, теоретски може да спречи заразување со норовирусот од 80 до 90 отсто.

реклама

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Read more

Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје

Read more

Џонсон: Ситуацијата со коронавирусот ќе биде многу поинаква на пролет

Read more

Категорично „не“ од австралиските власти за барањата на Ѓоковиќ

Read more

Свет

Меланија Трамп со проштална порака се обрати до нацијата

Read more

Португалија со рекорден број починати за еден ден, се подготвуваат построги мерки

Read more

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Moderna

Read more

ЕК: Земјите-членки на ЕУ да го следат геномот на коронавирусот

Read more
 

Вести

Во Скопје 203 санкционирани возачи, 19 за брзо возење

Читај повеќе

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат 359 пациенти

Читај повеќе

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп со проштална порака се обрати до нацијата

Читај повеќе

Православните верници го слават празникот Богојавление-Водици

Читај повеќе

Сончево и ветровито, утринските температури под нула

Читај повеќе

Португалија со рекорден број починати за еден ден, се подготвуваат построги мерки

Читај повеќе

Шахпаска: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, во јануари ќе бидат зголемени

Читај повеќе

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Moderna

Читај повеќе