По невидениот гаф, градоначалничката на Драч поднесе оставка

Драч, 1 декември 2019 (МИА) – Градоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка по изјавата која доцна синоќа во живо ја даде за Топ ченел. Сако, веројатно по грешка, изјави дека тие се задоволни со 50 жртви.

– Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада, рече Сако.

Соопштувајќи ја одлуката на нејзиниот профил на Facebook да се повлече од градоначалничката функција, таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала синоќа.

Таа им се заблагодарува на сите за довербата што ѝ ја дале и бара разбирање од сите, поради изјавата која е последица на нејзината премореност.

– Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминуваат мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат, напиша на Facebook.

Во катастрофалниот земјотрес што утрото на 26 ноември ја погоди Албанија животот го загубија 51 лице, а околу две илјади се повредени, од нив неколку сѐ уште се во тешка здравствена состојба од кои тројца се транспортирани на понатамошен третман во Италија.

Инаку, тлото во Албанија не мирува. Нов силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа со епицентар во Хамалај кај Драч, а утрово со магнитуда од 3,9 со епицентар во Јадранско Море исто така кај Драч.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе