Кога Кендрик Ламар го објави новиот, петти студиски албум „Mr. Morale & the Big Steppers“, поради големата заинтересираност се срушија Spotify и Apple Music.
Албумот наиде на позитивни критики кај многу музичари. Еминем изјави дека новиот албум на Ламар го оставил „без зборови“, пишува NME.
„Ова е неверојатно, останав безз зборови“, напиша Еминем на Twitter откако го ислуша албумот на кој Ламар соработуваше со други музичари.
На албумот има вкупно 9 песни и е последниот од албумите кои Ламар ги издаде во соработка со издавачката куќа Top Dawg Entertainment. Ова е прв албум на Ламар по 5 години. Во 2017 година го издаде „Damn“, за кој доби и Пулицерова награда.
Во 2016 година за албумот „To Pimp a Butterfly“ доби 11 номинации за Греми и така го надмина и „Thriller“ на Мајкл Џексон.
Младиот, 34-годишен рапер од Комптон, сиромашно предградие на Лос Анџелес, го сметаат за еден од најдобрите рапери на сите времиња. Во неговите песни пее за расизмот, сиромаштијата, социјална неправда и насилството, има посебен стил во кој користи џез музика.