По подолг период бројот на активни случаи во земјава е под 3.000

Нови 160 случаи на заразени со коронавирусот од направени 2.172 тестирања беа регистрирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа тројца пациенти: двајца од Скопје (60 г. и 72г.) и една пациентка од Гостивар (53 г.). Сите тројца во болнички услови. Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950. По подолг период бројот на активни случаи е под 3.000.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 986, во Штип 293, во Гостивар 264, во Куманово 243, во Струга 169, во Тетово 156, во Кичево  133, во Кавадарци 106, во Дебар 65, во Свети Николе 67. Во другите градови има под 50 активни случаи.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и шест деца позитивни на вирусот, и тројца пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 72 пациенти од кои на респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Најмногу активни случаи во Скопје има во општина Чаир 138, потоа следи Аеродром 125, Гази Баба 112, Карпош 103, Центар 86, Кисела Вода 81, Ѓорче Петров 69, Шуто Оризари 67, Бутел 66, Сарај 35, Студеничани 32, Арачиново 18, Илинден 17, Сопиште 12, Чучер Сандево 9, Зелениково 6, Петровец 5, Странец 3 и нераспределени се 2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира намален број на активни случаи, 2.950. По подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период, велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека со зголемување на капацитетите за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на COVID-19.

Од ресорното министерството истакнуваат дека мерките за заштита од COVID-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат.

Оттаму апелираат до граѓаните да продолжат да се придржуваат до трите правила: носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете.

На ЈЗУ Клиниката за психијатрија се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со COVID-19, почнувајќи од март, соопшти Министерството за здравство.

На првата телефонска линија за психолошка поддршка, која беше отворена на 15 март за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден од 8 до 20 часот, имало повеќе од 2.200 разговори.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе