По препорака од ЕМА ќе се одлучи дали помладите ќе се ревакцинираат со AstraZeneca

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утрово е разговарано со српското Министерство за здравство за список на македонски граѓани кои се вакцинирале со AstraZeneca во Србија, а откако ќе биде познат ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дали таа ќе продолжи да им се дава на помлади лица, тие наши граѓани во земјава ќе ја добијат втората доза од оваа вакцина.

Доколку по препорака на ЕМА нема да продолжи вакцинирањето кај помлади од 60 години со AstraZeneca, овие луѓе ќе бидат ревакцинирани со вакцина од друг производител.

– Ние ќе се водиме според препораките на Европската агенција на лекови. Бордот на ЕМА меѓу 6 и 9 април ќе има состанок и ќе се чека нивниот став во однос на аплицирање AstraZeneca кај помлади. Доколку ставот е да се продолжи и нема никаков проблем, сите тие ќе може да бидат и ревакцинирани,  изјави Филипче.

Додаде дека вакцинирањето со AstraZeneca кај граѓани над 77 години на пунктовите низ државата се одвива добро и без контраиндикации, има списоци и за помлади од таа возраст, а треба да стигнат и дополнителни колични од оваа вакцина.

Во претстојниот период се очекуваат и 20.000 вакцини Спутник V за да бидат ревакцинирани граѓаните кои од вчера масовно се имунизираат со оваа вакцина во салата „Борис Трајковски“.

Од средината до крајот на месецов се очекуваат и кинеските вакцини и вакцините Pfizer/BioNTech, но, рече Филипче, бидејќи многупати досега најавите не се остварија поради проблеми од страна на производителите, ќе соопштат тогаш кога ќе има конкретни датуми.

– Има најави дека помеѓу 15-ти и 20-ти треба да стигнат и кинеските и вакцините Pfizer од нашиот директен договор и од трипартитниот од Европа, но кога ќе имаме конкретни датуми, ќе ги соопштиме, рече Филипче.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе