СЕРИЈА А 2019/20

По серијата бламажи, Торино го отпушти Маѕари

Поразите од 0:7 и 0:4 од Аталанта и Лече му пресудија на Валтер Маѕари кој сам се согласи да си замине.

Падот на Торино почна со поразот од 2:1 на гостувањето кај Сасуоло, но она што потоа следуваше беше ноќна мора за сите навивачи на популарните „Граната“.

Предминатата сабота во Торино гостуваше Аталанта која му го нанесе најтешкиот пораз на клубот во историјата пред сопствените навивачи. „Деа“ беше немилосрдна победувајќи со 7:0. А, пак, минатиов викенд, следуваше нова бламажа, овој пат на гости кај Лече кој со 4:0 ја прослави првата домашна победа сезонава.

Трите пораза во серија го запалија црвениот алмар кај претседателот Урбано Каиро кој утринава одржал состанок со Маѕари. Се договориле да го раскинат договорот и тоа, како што се согласил самиот Маѕари, без да му бидат исплатени преостанатите плати.

„Фудбалскиот клуб Торино соопштува дека со заемна согласност е раскинат договорот со Валтер Маѕари. Управата му се заблагодарува нему и на неговиот стручен штаб за посветеноста, коректноста и профионалноста која ја покажаа во изминативе две години“, се вели во официјалното соопштените на клупската веб-страница.

Наследник на Маѕари во Торино ќе биде Морено Лонго кој до 2016 го водеше младинскиот тим на Торино и кој последно во водеше второлигашот Фрозиноне. Лонго е и поранешен фудбалер на „Граната“ кој кариерата ја почна токму во младинската школа на својот омилен тим.

Маѕари беше во Торино од 2018 каде дојде од Ватфорд. Претходно ги водеше Интер, Наполи, Сампдорија, Реџина, Ливорно, Пистојезе и Ачиреале.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе