УЕФА ЕУРО 2020

По што ќе го памтиме ЕУРО 2020?

По точно еден месец и одиграни 51 натпревар, заврши Европското првенство во фудбал, 16-то по ред и незаборавно од многу аспекти.

Македонска гордост

За нас, секако најзначаен спомен ќе биде учеството на македонската фудбалска репрезентација на европското натпреварување, а капитенот на генерацијата која го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, ја заврши репрезентативната кариера. Гранде Пандев дводецениската репрезентативна кариера ја заврши со 122 настапа и 38 погодоци.

Македонија загуби од Холандија со 3:0 во својот последен настап на 16. Европско првенство. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски не успеаја да освојат ниту еден бод на трите средби во групата Ц, но прикажаа добри игри и можеби со малку повеќе среќа, ќе беа поуспешни.

Фудбал во пандемија

Ова беше првото Европско првенство што се играше во непарна година и се одржуваше ширум Стариот континент.

Се одржа во 2021 година наместо во 2020 година, поради пандемијата на коронавирус и тоа беше надвор од контролата на УЕФА. Сепак, идејата да се игра во 11 градови се покажа како катастрофална бидејќи некои тимови, особено Англија, ја имаа предноста на домашниот терен во скоро сите натпревари. На крајот, челниците на УЕФА ја признаа грешката и рекоа дека никогаш повеќе нема да го гледаме ЕУРО во овој формат.

Заслужни шампиони

Италијанските фудбалери ги добија сите седум натпревари и заслужено ја освоија титулата. На последниот натпревар на лондонски Вембли ја совладаа Англија по изведувањето на пенали и станаа европски шампиони по вторпат, откако беа најдобри во далечната 1968 година.

Италијанците пристигнаа на турнирот како фаворит од сенка, никој не им даде шанса откако паднаа во потешкиот дел од жрепката, но тие покажаа дека е поважен тимскиот дух од имињата на дресовите. Страста со која „аѕурите“ излегуваа на секој натпревар и ја пееја химната тешко може да се опише со зборови, за нив немаше изгубена топка на турнирот и тие сосема заслужено ќе го носат префиксот европски шампиони во следните три години.

Неочекувани статистики

Самиот квалитет на фудбалот беше на задоволително ниво и гледавме многу интересни и отворени натпревари - напаѓачкиот фудбал е повторно во мода. Вкупно беа постигнати 142 гола, или 2,78 по натпревар, со што ова ЕУРО стана четврто најефикасно во историјата и најефикасно од 1976 година. Интересно, дури 11 погодоци беа автоголови.

Кристијано Роналдо беше најдобар стрелец на турнирот. Капитенот на Португалија постигна пет погодоци, како и Патрик Шик, но тој ја доби наградата затоа што забележа и една асистенција, додека Чехот немаше ниту една.

Исто така, интересен факт е дека на турнирот беа свирнати 17 пенали, а беа реализирани само 9.

Ериксен ја победи смртта

Почетокот на турнирот ќе го паметиме по Кристијан Ериксен кој доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска на вториот натпреварувачки ден. За среќа, тој успеа да преживее, но неговата фудбалска кариера заврши. Тој шокантен момент во првото коло ги приближи Данците, кои дури стигнаа до полуфиналето и ги надминаа сите очекувања. Да не беше сомнителниот пенал во продолжението со кој Англичаните славеа, можеби и ќе се повтореше 1992 година, кога Данците шокантно станаа европски шампиони.

Изненадувања

Има голем број на репрезентации кои не успеаја. Франција, Германија, Португалија, Холандија и Хрватска беа елиминирани во осминафиналето, додека Белгијците го завршија натпреварувањето во четвртфиналето.

Освен веќе споменатите Данци, најголемо изненадување на турнирот се Украинците кои се пласираа во четвртфиналето, но испаднаа од Англија.

Освен Роналдо, најголемите ѕвезди на турнирот од кои се очекуваше да сторат најмногу, не направија речиси ништо значајно. Килјан Мбапе и Бруну Фернандеш беа невидливи, Кевин Де Брујне покажа дека не се опоравил од повредата во финалето на Лигата на шампионите, додека дури и најдобриот играч на светот Роберт Левандовски не им помогна на Полјаците да ја минат групата со своите три погодоци.

Најпријатно изненадување кај играчите беа Педри (18) и Микел Дамсгард (20). Шпанскиот тинејџер беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот по изведбите што ги обезбеди додека ја држеше комплетната средина на својата екипа, додека младиот Данец ја презеде играта на својата селекција по драматичните сцени со Ериксен, и ги однесе во полуфиналето

Следното Европско првенство ќе се одржи во 2024 година во Германија и се надеваме дека Македонија повторно ќе биде меѓу 24-те селекции.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе