По смртта на Пери фановите бараат да се отстрани сцена од Friends

По смртта на Метју Пери минатата година, фановите на култната серија „Friends“ повикаа целосно да се отстрани сцена од 5-тата епизода од сезоната 7.

Пери е познат на милиони луѓе ширум светот токму по улогата на Чендлер бинг во „Friends“, а фановите на серијата беа особено погодени од веста за неговата смрт.

Да потсетиме, актерот минатата година беше пронајден мртов во када за хидромасажа во својот дом во Лос Анџелес. На обдукцијата било констатирано дека тој починал од акутни ефекти на кетамин, како и од давење.

Токму ова е причината поради која фановите повикуваат да се избрише една сцена од популарната „Friends“. На социјалните мрежи истакнуваат дека на многумина им сцената станала морничава откако била објавена причината за смртта на актерот.

Станува збор за детаљ од епизодата 5 во сезона 7, која се емитуваше во 2000 година. На неа се гледа како Моника и Чендлер се обидуваат да се фотографираат по свршувачката. Чендлер едноставно не може добро да позира за фотографијата, а Моника станува сѐ пофрустрирана.

Потоа вели: „Чендлер, што не е во ред со твоето лице? Оваа фотографија има за цел да каже дека Гелер и Бинг се венчаат, а не локална жена што спасува морон кој се дави“.

Кога фотографот почнува да се смее, Моника му вели: „Еј, немој да му се смееш, тој е мој давеник“.

Remote video URL

На социјалните мрежи, некои обожаватели рекоа дека чувствуваат дека шегата сега е малку премногу, имајќи ја предвид причината за смртта на Метју Пери.

„Мора да ја отстранат оваа сцена од серијата. Прилично ја предвидела иднината“, „Не, сега треба да ја отстранат оваа сцена“, „Може ли оваа сцена да биде поморничава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Филм & ТВ

Документарна серија за Метју Пери со досега невидени снимки доаѓа на Netflix

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Џони Деп бара над 40 милиони долари за да се врати во Pirates of the Caribbean

Read more

Coyote vs. ACME заработи 15,5 милиони долари во првиот викенд во кината

Read more

Сцена

  • play_arrow

Документарна серија за Метју Пери со досега невидени снимки доаѓа на Netflix

Читај повеќе

Шестмина повредени при демонтирање на сцената по концерт на Ед Ширан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Џони Деп бара над 40 милиони долари за да се врати во Pirates of the Caribbean

Читај повеќе

Поранешен член на банда прогласен за виновен за убиството на Тупак: Се фалеше 30 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Coyote vs. ACME заработи 15,5 милиони долари во првиот викенд во кината

Читај повеќе
  • filter

Кога ќе ја гледаме последната сезона од Emily in Paris?

Читај повеќе

Почина англискиот актер Тим Кари

Читај повеќе
  • play_arrow

Метју Меконахи и Вуди Харелсон откриваат дека се браќа во трејлерот за нова серија

Читај повеќе