Докторка која се пријавила за натпревар на Мис БумБум повеќе не може да најде работа во болница.
Докторката и модел Рајане Лаура Соуза која живее во Боливија минатата година се пријави за учество во Мис Бум Бум и тврди дека поради тоа повеќе не може да се вработи во болница.
Соуза беше една од фаворитките, но конечната победа ја однесе Сузи Кортес.
За да може да се натпреварува, Рајане привремено ја напушти работата како докторка, и покрај противењето на нејзиното семејство. Соуза вели дека оттогаш многу е тешко да се врати на кариерата како доктор. Таа смета дека многумина имаат предрасуди против неа, но и поради фактот дека е убава жена.
„Сакам да ја покажам мојата сензуалност на социјалните мрежи, но тоа не значи дека не сум професионална во болница“, вели таа.
Таа иако дипломира медицина и запиша специјализација, вели дека сака да ја промени кариерата и планира да си ја проба среќата во САД.