Победници во натпреварот за најдобри фотографии на загрозен вид гепарди
Објавени се победниците во натпреварот за најдобри фотографии во серијалот Remembering Wildlife на Charity picture book.
Организаторите велат дека добиле над 2.400 пријави, а победничките фотографии на овој загрозен вид гепарди се снимени во Кенија, Намибија, Танзанија и Јужна Африка.
Фотографиите ќе бидат објавени во монографијата Remembering Cheetahs во октомври годинава, заедно со фотографии што ќе ги донираат познати и наградувани фотографи на див свет.
Средствата собрани од уплатите за учество во натпреварот ќе бидат донирани на проекти за заштита и зачувување на гепардите во Намибија и Кенија.
Во дивината се останати нешто повеќе од 7.000 гепарди.