Победниците на Nikon Small World 2020
Објавени се победничките фотографии од микроскопскиот свет на Nikon Small World, глетки невидливи за човечкото око.
По 46 пати Nikon е организатор на овој популарен натпревар кој ја открива скриената убавина на тој мал свет. Сега се познати победничките фотографии за 2020 година. Главната награда замина во рацете на Даниел Кастранова за фотографија на риба-зебра со флуоресцентен скелет. Фотографијата е направена со употреба на повеќе од 350 индивидуални снимки направени под микроскоп.