Победниците на World Press Photo 2021
Данскиот фотограф Мадс Нисен е добитник на главната награда на World Press Photo за 2021 година, за фотографија од постара жена во Бразил во прегратка на медицинска сестра. Според жирито, оваа фотографија ги освоила нивните срца поради пораката за надеж.
Нисен ја овековечи првата прегратка по пет месеци изолација на 85-годишна жена од дом за стари и немоќни лица во Сао Паоло. По долготрајна изолација поради пандемијата, старицата конечно доби прегратка од медицинските сестри и тоа благодарение на пластичната заштита.
На натпреварот пристигнаа 74.000 фотографии од околу 4.300 фотографи од целиот свет. Свеченоста на доделувањето на наградите се одржа онлајн поради пандемијата.