Почина човекот кој ги измисли copy и paste

Лари Теслер, ИТ експерт кој ги осмисли опциите cut, copy и paste на нашите компјутери, почина на 17 февруари, на 74-годишна возраст. Покрај споменатите опции, ги креираше и find и replace опциите, како и многу други дигитални алатки кои секојдневно ги користиме, пренесува BBC.

Роден е во Бронкс, Њујорк во 1945 година. Студирал информатика на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Во текот на кариерата се залагал за развивање програми кои се однесуваат на човечката интеракција со компјутерот. Има работено за Amazon, Apple, Yahoo и Xerox Palo Alto Research Center.

Компанијата Xerox преку Twitter се збогува од творецот на опциите кои денес ги користат милиони луѓе низ светот.

„Вашето секојдневие на работа е олеснето благодарение на неговите револуционерни идеи. Лари почина во понеделникот, придружете ни се во славењето на неговиот живот“, стои во објавата.

Идејата за cut и paste Теслер најверојатно ја пронашол инспириран од старата метода со кои луѓето буквално го сечеле делот од хартијата со напишан текст и го лепеле таму каде што е потребно. Овие алатки станаа дел од софтверот на Apple во 1983 година.

реклама

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Искандер - смртоносниот ѕвер: Со ова убиствено оружје Ерменија му се заканува на Азербејџан

Read more

Зошто интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Read more

Словенија забрани работење на продавниците во недела и за празници – Кога кај нас вака?

Read more

Софтвер

Како да ја поставите Gmail за примарна апликација на iOS 14?

Read more

Google Maps ќе покажува каде има најмногу заразени со COVID-19

Read more

Како да ги „замаглите“ лицата во видеата на YouTube?

Read more

Што е најинтересно меѓу новитетите во Android 11?

Read more

Гик

  • play_arrow
  • filter

Xiaomi ја претстави серијата Mi 10T: Смартфони со одлична батерија и врвни перформанси

Читај повеќе

Искандер - смртоносниот ѕвер: Со ова убиствено оружје Ерменија му се заканува на Азербејџан

Читај повеќе
  • filter

Што сè ново ќе претстави Google вечерва, освен Pixel 5?

Читај повеќе

Блокиран Twitter профилот на унгарската Влада

Читај повеќе

Под површината на Марс се откриени солени езера

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за новата видеоигра „Assassin’s Creed Valhalla“

Читај повеќе

Тоалет вреден 23 милиони долари летна во вселената

Читај повеќе

Ова се просечните цени на телефони и најпопуларните производители

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да снимате подолги видеа на Instagram Reels?

Читај повеќе