Британскиот рок гитарист Џон Сајкс, кој свиреше со бендовите „Whitesnake“ и „Thin Lizzy“ почина на 65-годишна возраст.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека Џон Сајкс почина по тешка битка со ракот“, се вели на неговата веб-страница.
„Многумина ќе го паметат како човек со исклучителен музички талент, но за оние кои лично го познаваа, тој беше внимателен, љубезен и харизматичен човек чие присуство ја осветлуваше просторијата“, се додава.
„Во последните денови тој зборуваше за својата искрена љубов и благодарност до своите обожаватели кои беа со него сите овие години“, се вели во објавата.
Сајкс свиреше на два албума на „Whitesnake“ и беше коавтор на некои од најпознатите песни на бендот, вклучувајќи ги „Still of the Night“ и „Is This Love“.
Тој ја започна својата кариера во 1980 година со хеви метал бендот „Tygers of Pan Tang“, сними два албума пред да се приклучи на „Thin Lizzy“ во 1982 година. Во 1984 година, тој се приклучи на „Whitesnake“ на покана на основачот и фронтмен Дејвид Ковердејл.
По напуштањето на „Whitesnake“, тој објави два албума со својот бенд „Blue Murder“.
Оддавајќи му почит на Х, Ковердејл сподели бројни фотографии од него и Сајкс заедно на пикот на „Whitesnake“.
„Само што ја слушнав шокантната вест за смртта на Џон… Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и обожавателите“, напиша тој.
Just heard the shocking news of John’s passing…My sincere condolences to his family, friends & fans…🙏✨🙏✨⭐️✨🙏✨🙏 pic.twitter.com/Y6WU3NtdMg
— David Coverdale (@davidcoverdale) January 20, 2025