Почина легендарниот американски актер Џејмс Ерл Џоунс

Легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс, најпознат по бројните филмски улоги и препознатливиот длабок глас на ликот Дарт Вејдер од франшизата „Star Wars“, почина на 93-годишна возраст, потврди неговиот претставник за ABC News.

Џоунс почина во понеделникот наутро во својот дом во округот Дачес, Њујорк, опкружен со своето семејство, според неговиот долгогодишен агент Бери МекФерсон.

Актерот, чиј моќен, длабок глас го оживеа легендарниот негативец Дарт Вејдер, глумеше повеќе од шест децении и освои 3 награди Тони, вклучувајќи награда за животно дело во 2017 година, 2 награди Еми и 1 награда Греми. Во 2011 година, Американската филмска академија му додели награда за животно дело.

Remote video URL

Џејмс Ерл Џоунс е роден во 1931 година во Мисисипи, а во детството се соочил со силно пелтечење.

„Луѓето доаѓаа во куќата, се претставувавме, а јас не можев да го кажам своето име“, рече тој во интервју за PBS во 2014 година, опишувајќи колку бил тежок неговиот проблем. Во детството научил да молчи долго време.

„Сфатив дека понекогаш тишината не е лоша. Добра е за слушање. Научив да слушам“, рекол Џоунс.

Неговото пелтечење подоцна го навело да глуми, откако еден професор во средно училиште користел поезија за да му помогне да го подобри говорот. По колеџот и воената служба во Корејската војна, Џоунс се свртел кон сцената на Бродвеј.

Во текот на 50-тите и 60-тите Џејмс Ерл Џоунс стана главен столб на Бродвеј, со значајни улоги во драми како „On Golden Pond“ и „The Best Man“. Неговата работа му донесе 4 номинации за Тони, а ги освои наградите за „The Great White Hope“ во 1969 година и за „Fences“ во 1987 година.

Џоунс постигна успех и на телевизија, освојувајќи две Еми награди во 1991 година за неговите улоги во „Heat Wave“ и „Gabriel's Fire“. На филмското платно, неговата работа е заблежана во адаптацијата на претставата „The Great White Hope“ од 1970 година, во која го играше боксерот Џек Џеферсон, што го прави само вториот црн актер во историјата номиниран за Оскар, по Сидни Поатје.

Remote video URL

Во 1977 година, Џоунс беше избран за гласот на Дарт Вејдер во трилогијата „Star Wars“, правејќи го признат ширум светот. Неговиот портрет на иконскиот негативец е запаметен по познатите реплики како: „I find your lack of faith disturbing“ и незаборавното откритие од „The Empire Strikes Back“, кога Вејдер признава: „No, I am your Father“.

Во текот на неговата кариера, Џоунс имаше над 200 филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи го и гласот на Муфаса во анимираниот филм „Lion King“. Продолжи да работи активно до доцните години, враќајќи се во улогата на Вејдер во различни проекти „Star Wars“. Гостуваше и во популарни серии како „Frasier“, „The Big Bang Theory“ и „Two and a Half Men“.

Џејмс Ерл Џоунс зад себе го остави синот Флин Ерл Џоунс од бракот со Сесилија Харт, која почина во 2016 година по 34 години брак.

Ќе остане запаметен како еден од најголемите актерски таленти, чиј глас остави неизбришлива трага во светот на филмот и телевизијата.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more
Страшно невреме во Москва, 11 мртви (видео)

Страшно невреме во Москва, 11 мртви (видео)

Read more
Скопска Апелација: „Бомбите“ се прифаќаат како докази на СЈО

Скопска Апелација: „Бомбите“ се прифаќаат како докази на СЈО

Read more
Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн

Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн

Read more

Филм & ТВ

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Read more

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе