Почина легендарниот водител Лари Кинг

Познатиот телевизиски и радио водител Лари Кинг почина денеска на 87-годишна возраст, објави неговата медиумска компанија Ora Media, без да ја открие причината за неговата смрт.

Медиумите соопштија дека Кинг повеќе седмици се борел со COVID-19, откако претрпе неколку здравствени проблеми во последните неколку години, вклучително и битката со карцином.

– Шеесет и три години на радио, телевизија и дигиталните медиуми, илјадниците награди на Лари за неговите интервјуа и признанијата во светски размери сведочат за неговиот оригинален и непобитен талент како телевизиска фигура. Лари секогаш гледше на своите соговорници во интервјуата како на вистински ѕвезди во своите шоу програми, се вели во последното соопштение на Ora Media, неговиот најнов работодавач.

Поранешното лице на CNN почина во медицинскиот центар „Седарс-Сајнај“ во Лос Анџелес.

Телевизискиот водител беше светски познат по својата емисија „Лари Кинг во живо“.

Познатиот ТВ и радио водител беше една од најпознатите американски медиумски личности, која интервјуираше политичари, познати лица и други јавни личности. За време на својата кариера, тој има направено над 30.000 интервјуа.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе