Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн

Вашингтон, 26 август 2018 (МИА) - Сенаторот републиканец и поранешен кандидат за претседател на САД во 2008 година, Џон Мекејн почина синоќа на 81-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет.

Сенаторот од Аризона се бореше со агресивна форма на мозочен тумор, која му беше дијагностицирана во јули 2017 година. Кон средината на април оваа година тој беше опериран поради цревна инфекција.

Мекејн не се појави во Конгресот од почетокот на годинава.

- Испраќам свое најдлабоко сочувство и почит до семејството на сенаторот Џон Мекејн, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.

Министерот за одбрана Џејмс Матис истакна дека со смртта на Мекејн „ние загубивме човек, кој постојано ги изразуваше најдобрите идеали на нашата земја“.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел нагласи дека „во ера исполнета со цинизам во однос на националното единство и јавните институции“, животот на Мекејн е вистински пример за „бесконечен патриотизам и пожртвуваност“.

- Нацијата е во солзи. Со смртта на Џон Мекејн, Конгресот и Америка загубија лидер и човек со голем патриотизам и исклучителна храброст, изјави лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Нанси Пелоси.

Пораки со сочувство испратија и поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ Буш и Џими Картер, но и други американски поранешни и актуелни политичари, како и канадскиот премиер Џастин Трудо и австралискиот премиер Скот Морисон.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Свет

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Read more

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Read more

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Read more

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Read more
 

Вести

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе

На велопатека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Читај повеќе

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Читај повеќе
  • filter

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Читај повеќе