Почина Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“

Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People.

Шенон се прослави во 1990 година со улогата на Бренда Волш од мегапопуларната серија „Беверли Хилс 90210“. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Присли, со кого остана блиска до крајот на нејзиниот живот, како и покојниот Лук Пери кој го играше Дилан во серијата.

Remote video URL

На Доерти ѝ беше дијагностициран рак на дојка во февруари 2015 година, а во 2017 година објави дека е во ремисија. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста повторно беше во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека ракот се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.

Таа продолжи да работи и не се откажа. Во јуни 2023 година, таа објави дека ракот се проширил на нејзиниот мозок и дека повторно прима зрачење.

Во април таа откри дека се подготвува да замине.

„Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа. Затоа што ќе и биде толку тешко, сакам да ѝ ги олеснам работите. Не сакам да има еден куп работи со коишто ќе треба да се занимава после тоа, не сакам да има четири складишта полни со мебел“, објасни актерката тогаш. Доерти додаде дека ослободувањето од имотот и работите ѝ помага „да остави зад себе почиста и полесна транзиција за семејството“.

Родена е на 12 април 1971 година во Мемфис, а со глума почнала да се занимава уште како дете. Таа играше во Little House on the Prairie, Girls Just Want to Have Fun, Our House, Heathers, Charmed и во Fortress, која беше нејзината последна главна улога. Таа се прослави со улогата на Бренда во „Беверли Хилс“ каде глумеше четири сезони. Во 1991 и 1992 година, улогата на Бренда ѝ донесе номинација за наградата млад артист за најдобра млада актерка во ТВ-серија. Во 1994 година, таа ја напушти серијата.

реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Финансиски хороскоп за јули 2025: Кој ќе отплати стари долгови?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Мајкл Даглас се повлекува од глумата: Не сакам да бидам еден од оние што умираат на снимање

Read more

Италија и Германија се закануваат дека ќе ја напуштат Евровизија ако организаторите го исклучат Израел

Read more

Хит видео: Бред Пит прави тортиљи

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Мајкл Даглас се повлекува од глумата: Не сакам да бидам еден од оние што умираат на снимање

Читај повеќе

Италија и Германија се закануваат дека ќе ја напуштат Евровизија ако организаторите го исклучат Израел

Читај повеќе

Последен хеви метал танц: Ози Озборн и Black Sabbath подготвуваат 11-часовен спектакл за збогум

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит видео: Бред Пит прави тортиљи

Читај повеќе

На 28 години почина порно актерката Кајли Пејџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување за фановите: Пристигнува продолжение на филмот што освои три Оскари во 2011 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледачите со поделени мислења за новата акциона серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Почина Марџ Симпсон: Сцената ги остава гледачите без зборови

Читај повеќе